• e mërkurë, 25 dhjetor 2024

Отворена изложба на дела од автори од Друштвото на ликовни уметници од Кавадарци

Отворена изложба на дела од автори од Друштвото на ликовни уметници од Кавадарци

Кавадарци, 24 декември 2024 (МИА) - Изложба на дела од автори од Друштвото на ликовни уметници од Кавадарци, беше отворена вечерва во Домот на културата „Иван Мазов - Климе". Директорката на установата, Јулијана Туриманџова рече дека Кавадарци е богат град со многубројни автори од областа на сликарството и уметноста.

- Почнувајќи од повозрасните ликовни уметници, Темков, Јосифов, Кеков, Дојчинов, Димитар Самарџиев, Роска Трајкова, Македонка Димова, па се до младите, Боев, Јованов, Самараџиева, Марина Убавкова, Никола Ивановски, Симона Манчева, Радица Лелова, Соња Поп Ицов, Дивна Пешиќ, Васка Дудин, Игор Јосифов, Мартин Камчев, кои имаат постојано теми и идеи за презентација и изложување, подвлече Туриманџова. 

Таа потсети на многубројните настани одржани овде и нагласи дека завршува уште една успешна година за културата во Кавадарци, најавувајќи нови културни содржини.

Туриманџова истакна дека  Домот на културата е културна институција од посебно значење за развојот и унапредувањето на културата во градот и општината, со поддршка на локалната самоуправа и Министерството за култура и туризам.

Овој традиционален настан, дидаде таа, е еден од најзначајните  од областа на ликовната уметност во годината и можност на едно место да се видат делата на уметници од повеќе генерации. Годишната изложба, посочи таа,  воедно е и можност за промоција на младите ликовни уметници кои стануваат дел од богатото културното милје на уметници од Тиквешијата и можност да се презентираат најновите дела. 

Пред присутните се обратија  досегашната претседателка на ДЛУК, Соња Самарџиева Поп Ицов и новата претседателка, Марина Убавкова. свд/вг/


Фото: МИА 

QËNDRONI TË LIDHUR