• e mërkurë, 25 dhjetor 2024

Далибор Таневски нов в.д директор на Специјализираната болница за белодробни заболувања и туберколоза Јасеново

Далибор Таневски нов в.д директор на Специјализираната болница за белодробни заболувања и туберколоза Јасеново

Велес, 24 декември 2024(МИА) - Со одлука на министерот за здравство Арбен Таравари, за в.д. директор на ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни заболувања и туберкулоза „Јасеново“ е именуван Далибор Таневски. 

Тој дипломирал правен факултет при УКИМ, а има завршено и правосуден испит. Работел во нотарска канцеларија, во Општина Чашка, а бил директор на Дневниот центар за лица со попречености во Чашка.

Во информацијата за МИА, Таневски потенцира дека приоритет во неговата работа за ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни заболувања Јасеново ќе биде вработување на нов лекарски и друг медицински кадар. Моментално во болницата има само тројца лекари и еден специјализант.

- Мојата заложба ќе бидат нови вработувања и набавка на нова најсовремена опрема за болницата за лекување на болните од белодробни заболувања и туберколоза,односно замена на веќе постоечаката дотраена  апаратура, најави Таневски.

Освен од Велес и Велешко во болницата Јасеново, амбулантно и болнички се лекуваат и пациенти  од други градови од цела Македонија.

Две третини од пациентите  се’ со белодробни заболувања, а една третина со срцеви. Дијагноза на болеста во специјализираните амбуланти пациентите добиваат  за само два – три часа,  наместо во другите медицински центри каде чекаат по два – три дена.

На локацијата кај Болницата имате кислород колку што ви е потребно, затоа според стручњаците, но и пациентите, со право го носи епитетот воздушна бања.

Поради нејзината добра местоположба на падините на Јасеновска Планина на 400 метри надморска височина, болницата во Јасеново е позната како македонски Шварцвалд. ад/цр

 
Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR