• e mërkurë, 25 dhjetor 2024

Асфалтирани два патни правци во Старо Нагоричане

Асфалтирани два патни правци во Старо Нагоричане

Куманово, 24 декември 2024 (МИА) - Заврши изградбата на два патни правци во општина Старо Нагоричане, информираа денеска надлежните. Средствата за реализација на проектите се обезбедени преку Светска банка.

- Завршена е изградбата на 1.600 метри во село Стрновац и 1.100 метри пат во маала „Трандајловци“ во Младо Нагоричане. Претходно имаше тампониран пат, за првпат има асфалт, изјави заменик-градоначалникот на општината, Бобан Цветановски.

Двата проекти значително ќе ја подобрат поврзаноста на селата во руралната општина од северниот дел на земјава. Инвестициите, сметаат надлежните, обезбедуваат поврзување на селата, населението, побрз пристап до регионалните патишта од североисточниот регион и го подобруваат квалитетот на животот на жителите во руралната општина.

Според податоците од последниот попис во Старо Нагоричане има 3.051 жител во 39 населени места.

Општината, сместена во североисточниот дел од земјава, иако мала по број на жители е една од најпривлечните за странските туристи, бидејќи светски е позната по археолошките наоѓалишта, културно-историските објекти, цркви, манастири, природни реткости и раритети. ам/цр


Фото: Старо Нагоричане 

QËNDRONI TË LIDHUR