• e enjte, 26 mars 2026

Почна реконструкција на спортскиот центар во ООУ „Браќа Миладиновци“ во Струга

Почна реконструкција на спортскиот центар во ООУ „Браќа Миладиновци“ во Струга

Струга, 25 март 2026 (МИА) - Министерството за спорт и Општина Струга почнаа со реконструкција на спортскиот центар во ООУ „Браќа Миладиновци“.

Инвестицијата, како што соопшти денеска Општина Струга, предвидува изградба на повеќенаменско игралиште за фудбал, ракомет и кошарка, со современ полипропиленски под.

- Покрај обновата на подлогата, игралиштето ќе биде целосно оградено и опремено со соодветна урбана опрема, со што значително ќе се подобрат условите за спорт и рекреација на учениците и младите, соопшти Општина Струга.

Градежните активности, според информацијата, треба да завршат идната година.

Општина Струга, нагласуваат, продоллжува со конкретни инвестиции во спортот и создавање на квалитетни услови за развој на младите генерации. сс/вг/

Фото Општина Струга

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR