Асфалтирање на главната патека на градските гробишта во Охрид
- Активностите се дел од Проектот за реконструкција на асфалтните пристапни патеки во рамки на градските гробишта, со кој Општина Охрид аплицираше на првиот Јавен повик за финансирање на проекти од Министерството за локална самоуправа.
Охрид, 25 март 2026 (МИА) – Општина Охрид денеска започна со асфалтирањето на главната пристапна патека во рамки на градските гробишта.
Активностите се дел од Проектот за реконструкција на асфалтните пристапни патеки во рамки на градските гробишта, со кој Општина Охрид аплицираше на првиот Јавен повик за финансирање на проекти од Министерството за локална самоуправа.

Претходно со средства на Општина Охрид, екипи на ЈП „Нискоградба“ долж главната пристапна патека поставија целосно нова атмосферска канализација.
Активностите за уредување на асфалтните пристапни патеки во градските гробишта ќе продолжат и во текот на наредниот период, информираат од Општина Охрид. аб/са/
Фото: Општина Охрид