• e enjte, 26 mars 2026

Контроли за откривање нелегални приклучоци на системот за јавно осветлување во Струга

Контроли за откривање нелегални приклучоци на системот за јавно осветлување во Струга

Струга, 25 март 2026 (МИА) - Општина Струга соопшти дека компанијата ICS SISTEMI, задолжена за одржување на уличното осветлување во Струга во наредниот период ќе врши контроли на електричната мрежа.

- Контролите ќе бидат насочени кон откривање на нелегални приклучоци во дворови и приватни објекти. Секое неовластено приклучување ќе биде санкционирано согласно закон, со можност за покренување кривична постапка за злоупотреба на електрична енергија, информира Општина Струга.

Апелира граѓаните да ги почитуваат прописите и да придонесат кон безбедно и ефикасно функционирање на системот за јавно осветлување. сс/са/

Фото МИА архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR