• e enjte, 26 mars 2026

Во Демир Хисар одбележана годишнина од учеството на демирхисарскиот баталјон во „Операција МХ“

Во Демир Хисар одбележана годишнина од учеството на демирхисарскиот баталјон во „Операција МХ“

Демир Хисар, 25 март 2026 (МИА) - Општина Демир Хисар и Општинската организација на Сојуз на борци, со свечена академија одбележаа 25 години од учеството на демирхисарскиот баталјон во „Операција МХ“.

Од Општина Демир Хисар информираат дека станува збор за настан кој ќе остане во сеќавање во колективната меморија на демирхисарци, како: ден на храброст и одлучност, ден на патриотизам и љубов кон сопствената татковина, ден кога демирхисарски војници во 2001 година  учествуваа во акцијата за ослободување на Тетовско кале.

- Со посебна почит го истакнуваме придонесот на повеќе од 700 доброволци од Демир Хисар кои покажаа подготвеност да застанат рамо до рамо со безбедносните сили. Тоа сведочи за силното чувство на заедништво и одговорност кон Македонија, кое секогаш се појавува кога е најпотребно. Придонесот не е само дел од минатото - тој е вгграден во темелите на современа Македонија. Нашата обврска, како институции, но и како општество, е да ја чуваме вистината, да негуваме култура на сеќавање и да обезбедиме достоинствено почитување на вашата жртва и посветеност, истакна градоначалникот Никола Најдовски.

Во рамки на свеченоста градоначалникот додели признанија и благодарници за учесниците во воената операџција, а за храбриот настан од 2001 година говореше Менде Солунчевски, претседател на ОО на Сојуз на борци Демир Хисар.мт/

Фото: Општина Демир Хисар

QËNDRONI TË LIDHUR