Без вода улицата „Македонија“ и неколку други улици во Центар
- Без вода денеска од 10 часот ќе бидат корисниците од улицата „Македонија“ (потегот од „Димитрие Чуповски“ до „Даме Груев“ во Општина Центар.
- Post By Фатиме Фазљији
- 07:08, 18 mars, 2026
Скопје, 18 март 2026 (МИА) - Без вода денеска од 10 часот ќе бидат корисниците од улицата „Македонија“ (потегот од „Димитрие Чуповски“ до „Даме Груев“ во Општина Центар.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато поради менување на вентил во шахта ф 2“ на ул.„Македонија“ бр.10.
Исто така, денеска од 9 часот без вода ќе бидат корисниците од улиците „Мирослав Крлежа“, „Дебарца“ и „Отон Жупанчич“ во Општина Центар, поради реконструкција на водоводна мрежа ф 80 мм на ул.„Мирослав Крлежа“ бр.53. фф/бак/
Фото: МИА Архива