• e premte, 20 mars 2026

Во Кавадарци промовирана „Облогот“ од Станка Бајлозова Барламова

Во Кавадарци промовирана „Облогот“ од Станка Бајлозова Барламова

Кавадарци, 19 март 2026 (МИА) - Во градската библиотека „Феткин“ во Кавадарци, синоќа беше промовирана збирката раскази „Облогот“ од Станка Бајлозова Барламова.

Книгата е во издание на издавачкиот центар „ТРИ“, а за нејзините книжевни вредности и пораки говореше професор Весна Мојсова Чепишевска, која беше промотор на ова дело. Таа, меѓу другото, подвлече дека ова се приказни кои без проблем ги минуваат границите на македонскиот јазик и кои излегуваат надвор и од македонската книжевна сцена.

- Оваа промоција претставува убава можност љубителите на книжевноста да се запознаат поблиску со расказите од збирката „Облогот“, како и со творечкиот свет на авторката, рече директорот на библиотеката, Петар Гурев.

Пред љубителите на книгата и литературата, се обрати и самата авторка. свд/бд/

Фото: МИА 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR