Без вода корисниците од Добри Дол
- Станувало збор за реконструкција на водоводна мрежа на една од улиците.
- Post By Блаже Дарудов
- 09:43, 19 mars, 2026
Скопје, 19 март 2026 (МИА) - Без вода за пиење денеска ќе останат корисниците од село Добри Дол, информираа утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Како што појаснија од претпријатието, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12 часот до завршување на работните активности.
Станувало збор за реконструкција на водоводна мрежа на една од улиците. бд/дма/
Фото: МИА архива