• e premte, 20 mars 2026

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди

Скопје, 20 март 2026 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, освен во понеделник кога ќе има услови за слаби врнежи од дожд. ац/

Фото: МИА архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR