„Мамутите“, новиот документарец на Котевска, меѓу добитниците на Sandbox Fund на Sundance Institute за 2026
- Новиот документарен филм на режисерката Тамара Котевска - „Мамутите“ (The Mammoths that Escaped the Kingdom of Erlik Khan), копродукциски проект меѓу Данска, Македонија, Обединетото Кралство и Португалија, е меѓу добитниците на Sandbox Fund на Sundance Institute за 2026 година.
- Post By Хатка Смаиловиќ
- 12:34, 25 mars, 2026
Скопје, 25 март 2026 (МИА) - Новиот документарен филм на режисерката Тамара Котевска - „Мамутите“ (The Mammoths that Escaped the Kingdom of Erlik Khan), копродукциски проект меѓу Данска, Македонија, Обединетото Кралство и Португалија, е меѓу добитниците на Sandbox Fund на Sundance Institute за 2026 година.
- Sundance Institute преку Sandbox Fund поддржува иновативни документарни филмови на пресекот помеѓу науката и раскажувањето, селектирајќи ограничен број автори на глобално ниво. Во оваа силна конкуренција на автори и проекти поддршката од престижниот Sundance говори за квалитетот и на новиот документарен филм на Котевска - „The Mammoths that Escaped the Kingdom of Erlik Khan”, каде што таа е режисер и продуцент, соопшти тимот на Котевска.

Филмот е приказна за млад одгледувач на ирваси од јакутската тундра, кој се соочува со избор помеѓу традиционалниот начин на живот и современите ловци на мамутски заби. Филмот се снима во екстремни услови во Сибир и ја истражува комплексната врска помеѓу традицијата и современите економски предизвици.
Минатата година Тамара Котевска се претстави во Венеција со два документарни филма, при што проектот за филмот „Мамутите“ беше селектиран на копродукцискиот маркет, а „Приказната за Силјан“ имаше европска премиера.

Меѓу поддржаните автори на Sandbox Fund на Sundance Institute за 2026 година е и македонскиот режисер Љубомир Стефанов, со кого Котевска го режираше документарецот „Медена земја“ и пред шест години имаа две номинации за Оскар.
- Извршната директорка на Sandbox Films, Џесика Хароп, истакнува дека авторите поддржани преку овој фонд „создаваат исклучителни дела на пресекот помеѓу уметноста и науката“, нагласувајќи ја растечката потреба за вакви приказни во независниот филм, се наведува во соопштението. хс/паг/
Фото: тим на Тамара Котевска