Пристапно предавање на новоизбраниот дописен член на МАНУ, Драган Даутовски
- Новоизбраниот дописен член на Македонската академија на науките и уметностите, Драган Даутовски, денеска напладне во МАНУ ќе одржи пристапно предавање.
- Post By Хатка Смаиловиќ
- 07:18, 25 mars, 2026
Скопје, 25 март 2026 (МИА) - Новоизбраниот дописен член на Македонската академија на науките и уметностите, Драган Даутовски, денеска напладне во МАНУ ќе одржи пристапно предавање.
Предавањето на Даутовски е со наслов „Топчестата глинена флејта од Македонија - праисториски музички инструмент“.
Пригодна реч по повод пристапувањето на Даутовски во МАНУ ќе одржи академик Влада Урошевиќ.
Во музичкиот дел од настанот ќе настапат Камерниот гудачки оркестар „ФМУ солисти“ и ученици од насоката за традиционална музика и игра во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ - Скопје. хс/ац/
Фото: МАНУ