Бројот на загинати од земјотресот во Тибет се искачи на 95
- Најмалку 95 лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,8 степени кој го погоди северното подножје на Хималаите во близина на светиот град во Тибет. Потресот беше силно почувствуван и во Непал, Бутан и Индија, јавуваат кинеските власти.
- Post By Сања Костовска
- 11:41, 7 janar, 2025
Пекинг, 7 јануари 2025 (МИА) - Најмалку 95 лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,8 степени кој го погоди северното подножје на Хималаите во близина на светиот град во Тибет. Потресот беше силно почувствуван и во Непал, Бутан и Индија, јавуваат кинеските власти.
Земјотресот со епицентар во Тингри, се случил на длабочина од 10 километри. Кинеската државна телевизија потврди дека 130 лица се повредени.
Државната новинска агенција „Синхуа“ јави дека најтешко погодени се селата Чангсуо, Куло и Цуого во округот Дингри.
Соседен Непал соопшти дека не се пријавени жртви, но властите се мобилизирани за проценка на штетите. ссм/
фото: ЕПА