Британските универзитети се повлекуваат од Х поради ширење на дезинформации
- Улогата на Х во Велика Британија беше ставена под лупа минатата година за време на насилните расни немири.
- Post By Сашко Димевски
- 14:58, 8 janar, 2025
Лондон, 8 јануари 2025 (МИА) - Голем број британски универзитети и високообразовни институции одлучија да ја намалат употребата на X или целосно да престанат да ја користат платформата, поради нејзината улога во ширењето дезинформации што поттикнаа расни немири минатата година.
Според истражувањето спроведено од агенцијата Ројтерс, неколку универзитети ја намалиле употребата на X на минимум, додека некои целосно престанале да ја користат оваа платформа.
Улогата на Х во Велика Британија беше ставена под лупа минатата година за време на насилните расни немири.
Извршниот директор на X, Илон Маск, кој е близок соработник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, оттогаш повика на апсење на британскиот премиер Кир Стармер, како и ослободување на антимуслиманскиот активист Стивен Јаксли-Ленон, познат како Томи Робинсон, кој е еден од основачите на екстремно десничарската партија „English Defense League“.
„London Business School“, која е меѓу најпрестижните бизнис школи во светот, со 182.000 следбеници на X, последен пат објави објава во септември. На Универзитетот во Кембриџ, најмалку седум од 31 факултет престанаа да објавуваат на Х. „Мертон колеџ“, најдобриот факултет на универзитетот Оксворд, според академски критериуми, го избриша својот X профил.сд/