• среда, 25 декември 2024

INSAIT го пушта за бесплатно користење бугарскиот четбот со вештачка интелигенција од најнова генерација - BgGPT

INSAIT го пушта за бесплатно користење бугарскиот четбот со вештачка интелигенција од најнова генерација - BgGPT

Софија, 22 ноември 2024 (МИА/БТА) - Институтот за компјутерски науки, вештачка интелигенција и технологии (INSAIT) при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ оваа седмица, в недела, ќе го пушти за бесплатно и слободно користење новиот четбот со вештачка интелигенција од најнова генерација - BgGPT. Ова го соопшти прес-центарот на Министерството за образование и наука на Бугарија (МОН).

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Предвидена е демонстрација на можностите на новиот четбот, која ќе се одржи в недела (24 ноември) во 10:00 часот во INSAIT.

Ќе бидат претставени и статистики за досегашното користење на BgGPT, како и темите за кои најчесто Бугарите поставуваат прашања до вештачката интелигенција.

Како што претходно објави БТА, Институтот за компјутерски науки, вештачка интелигенција и технологии (INSAIT) на 19 ноември го претстави новиот четбот со вештачка интелигенција од најнова генерација, кој е создаден за работа на бугарски јазик. Настанот се одржа во Ректоратот на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, а на него учествуваа тогашниот технички премиер Димитар Главчев, техничкиот министер за образование и наука проф. Галин Цоков и ректорот на Софискиот универзитет, проф. Георги Влчев.

Научниот директор на институтот, проф. Мартин Вечев, и извршниот директор, инж. Борислав Петров, ги претставија можните апликации на новата вештачка интелигенција и податоци за нејзината ефикасност во споредба со некои од најпопуларните производи на технолошките гиганти ширум светот.

„Овој ден е многу важен и пресвртница за Бугарија, бидејќи преку INSAIT нашата земја го создаде првиот модел на вештачка интелигенција на светско ниво,“ изјави проф. Вечев. Новиот генеративен модел на институтот е достапен бесплатно на https://models.bggpt.ai/ и може да биде преземен и интегриран во системите на која било бугарска институција, приватна компанија или јавна организација.

Клучната предност на моделот во споредба со платените платформи е обезбедувањето на заштита на информациите – тој може да се користи од одредена организација без потреба од споделување на податоците со надворешни компании. Во областа на образованието, можат да се развиваат системи со вештачка интелигенција врз основа на овие нови модели за персонализирано учење на ученици и студенти, земајќи ги предвид нивните оценки, повратни информации и предзнаења, објасни проф. Вечев.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан