Во текот на изминатата година, Центарот за трансфузиона хематологија на ВМА пријави уште 1.000 крводарувања
- Во текот на минатата година Центарот за трансфузиона хематологија на Воено медицинската академија (ВМА) пријави уште 1.000 крводарувања, соопштија од здравствената установа.
Софија, 24 декември 2024 - Во текот на минатата година Центарот за трансфузиона хематологија на Воено медицинската академија (ВМА) пријави уште 1.000 крводарувања, соопштија од здравствената установа.
Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
„Годинава префрливме 7.000 крводарители. Половина од нив традиционално се цивилни вработени и војници од воените формации“, вели проф. Румен Попов, шеф на воениот центар за крв, цитиран од ВМА.
„Наша мисија повеќе од три децении е да им помогнеме на клиниките на ВМА, да работиме на развој на системот за трансфузија и бесплатно дарување крв во Бугарија“, додаде тој, истакнувајќи го трендот во последните години за зголемување на крводарителите.
„Наша главна задача е да работиме секој ден за довербата на дарителите за тие повторно да ни се вратат. И ова станува возможно кога тимот е составен од професионалци кои ги знаат своите должности, кои се одговорни во својата работа и кон ВМА. Луѓето се најголемото богатство на Центарот за крв и горд сум на секој од мојот тим“, вели проф. Попов.
Тој им се заблагодари на сите истомисленици на ВМА во битката за човечки живот.
БТА потсетува дека на крајот на октомври оваа година, над 1.000 војници и цивилни вработени од различни воени формации во земјата ја поддржаа иницијативата на ВМА „Биди еден од нас!“ Дарувај крв - спаси живот!“
Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.