Руте: Бугарија има клучна улога во нашата безбедност и во регионот на Црното Море и пошироко
- Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска пристигна на полигонот во Ново Село за да се запознае со активностите на Мултинационалната борбена група со рамковната земја Италија, чиј домаќин е Бугарија.
Софија, 19 декември 2024 (БТА/МИА) - Вашата земја игра клучна улога во нашата безбедност и во регионот на Црното Море и пошироко. Ова го изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте на брифинг на полигонот во Ново Село. Руте денеска е во посета на Бугарија.
Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска пристигна на полигонот во Ново Село за да се запознае со активностите на Мултинационалната борбена група со рамковната земја Италија, чиј домаќин е Бугарија.
Во рамките на посетата, генералниот секретар на НАТО Марк Руте ќе оствари средба со вршителот на должноста министер за одбрана Атанас Запријанов и началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов. Ќе се разговара за прашања од актуелната агенда на Алијансата. На средбата ќе учествува и бугарскиот министер за надворешни работи Иван Кондов.
Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.