• вторник, 12 ноември 2024

Јунајтед му нуди нов договор на ветеран

Јунајтед му нуди нов договор на ветеран

Манчестер, 5 јуни 2024 (МИА) - Ветеранот Џони Еванс преговара за нов договор со Манчестер Јунајтед, информира англискиот печат.

Евентуалниот нов договор на фудбалерот ќе биде за уште една сезона. До неодамна се сметаше дека централниот бек ќе ја заврши кариерата по завршувањето на сегашниот договор и ќе ја преземе тренерската функција во клубот, но новите шефови на „црвените ѓаволи“ очигледно се задоволни од неговиот придонес оваа сезона и решија дека би можел да биде корисен уште една година.

Триесет и шест-годишниот дефанзивец направи изненадувачки кам-бек во Манчестер Јунајтед минатото лето кога беше ослободен од Лестер. Повеќето стручњаци сметаа дека тој ќе има периферна улога, но на крајот многуте повреди во одбраната на тимот бараа да одигра дури 30 натпревари и на нив да настапи доста стабилно. дс

Фото: Фејсбук/Манчестер Јунајтед

Остани поврзан