Бојан Илиевски дополнително повикан за дуелите со Летонија и Фарски Острови
- Дефанзивецот на актуелниот првак Струга, Бојан Илиевски, е дополнително повикан во редовите на македонската фудбалска репрезентација за двата претстојни дуели во Лигата на нации, објави попладнево ФФМ.
Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) – Дефанзивецот на актуелниот првак Струга, Бојан Илиевски, е дополнително повикан во редовите на македонската фудбалска репрезентација за двата претстојни дуели во Лигата на нации, објави попладнево ФФМ.
Давесетипетгодишниот десен бек на Струга веќе денеска се приклучува на репрезентативните колеги, кои од вчереа се подготвуваат во Скопје за натпреварите против Летонија, в четврток и Фарски Острови, в недела на Националната арена „Тодор Проески“.
Македонија е лидер на табелата во групата 4 во Ц дивизијата со 10 бодови, шест повеќе од Ерменија на второто и Летонија на третото место.
На последното место е Фарски Острови со три бодови. ег
ФОТО: ФФМ