• вторник, 12 ноември 2024

Јастремскаја стана петтата квалификантка која стигнала до полуфинале на Грен слем

Јастремскаја стана петтата квалификантка која стигнала до полуфинале на Грен слем

Мелбурн, 24 јануари 2024 (МИА) – Украинката Дајана Јастремскаја од квалификациите стигнаа до полуфиналето на Австралија опен. Таа стана петтата квалификантка во опен ерата што успеала да избори место помеѓу четирите најдобри на еден Грен слем турнир.

Претходно тоа им успеа на: Ема Радукану – УС Опен 2021 година; Надја Подорошка – Ролан Гарос 2020 година; Александра Стивенсон - Вимблдон 1999 година; Кристин Матисон – Австралија опен-1978 година.

Од сите нив само Радукану на крајот го освои турнирот. Останатите загубија во полуфиналето.

Јастремскаја во полуфиналето на Грен слемот во Мелбун ќе се соочи со победничката од мечот Ана Калинскаја - Чинвен Женг. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан