Јапонија погодена од тајфунот Шаншан
- Тајфунот Шаншан денеска го погоди јужниот јапонски остров Амами, префектурата Окинава и предизвика прекин на железничкиот сообраќај
Токио, 27 август 2024 (МИА) – Тајфунот Шаншан денеска го погоди јужниот јапонски остров Амами, префектурата Окинава и предизвика прекин на железничкиот сообраќај.
Ветерот достигна брзина и до 216 километри на час. Според метеоролозите тајфунот ќе се движи кон вториот по големина јапонски остров, Кјушу, а до крајот на неделата ќе пристигне до островот Хоншу.
Тајфуните во регионот, за разлика од порано, сега поради климатските промени, се формираат во близина на брегот, побрзо се засилуваат и подолго се задржуваат на копното. ми/
фото: МИА архива