• среда, 25 декември 2024

Нетанјаху: Израел го смени односот на силите на северот и има должност да му возврати на Иран

Нетанјаху: Израел го смени односот на силите  на северот и има должност да му возврати на Иран

Тел Авив, 6 октомври 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел го менува балансот на силите на северот и дека има „должност“ да му возврати на Иран и дека тоа ќе го направи, пренесе „Тајмс оф Израел“

 Нетанјаху беше дециден  дека Израел ќе му возврати на Иран за нападот од вторникот со мад 180 балистички ракети.

 -Иран двапати истрела стотици проектили на нашата територија и нашите градови - напади со балистички ракети се едни од најголемите во историјата. Израел има должност и право да се брани и да одговори на овие напади и ние ќе го сториме тоа, рече Нетанјаху во видео изјава.

Тој додаде дека израелската армија уништила голем дел од ракетните резерви на Хезболах, а сега ги уништува и тунелите на Хезболах во близина на границата со Израел.

Израелскиот премиер рече и дека иако армијата сè уште не ги отстранила заканите, „јасно е дека текот на војната е променет“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан