Јанчев: Отворање на Центар наскоро, трајна цел ни е да нема бездомни кучиња во Вардарски регион
- Отворање на Центар наскоро, трајна цел ни е да нема бездомни кучиња во девет општини од Вардарски регион, рече денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, во рамките на денешната 49 седница на Совет на Општина Кавадарци.
Кавадарци, 14 ноември 2024 (МИА) - Отворање на Центар наскоро, трајна цел ни е да нема бездомни кучиња во девет општини од Вардарски регион, рече денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, во рамките на денешната 49 седница на Совет на Општина Кавадарци.
- Ќе имаме хумано третирање на бездомните кучиња во центарот. Тоа ќе биде континуиран процес за решавање на проблемот со кој се соочуваат сите општини. Истовремено истакнувам дека ги поддржувам реакциите на невладините организации против труење. Апелирам дека таквиот чин е недозволив и казнив. Апелирам исто така за одговорно сопствеништво, подвлече Јанчев.
Од Центарот истакнуваат дека програмата се базира на методата заловување, стерилизирање, вакцинирање и вдомување или враќање, востановена како единствена ефикасна стратегија и од страна на Светската здравствена организација. свд/
Фото: МИА