• среда, 25 декември 2024

Герасимовски: Со новите 4000 ЛЕД светилки, 70 проценти пониски сметки за струја на Општината

Герасимовски: Со новите 4000 ЛЕД светилки, 70 проценти пониски сметки за струја на Општината

Скопје, 16 ноември 2024 (МИА) - Поставуваме ново, паметно ЛЕД осветлување на територија на Општина Центар. Станува збор за околу 4000 нови светилки коишто се поставуваат по општинските центарски улици со цел што поголема безбедност во сообраќајот, на пешаците, но и да се намали бројот на деликвентни однесувања, кражби и слично“.

Ова го потенцираше градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во емисијата „Во живо - програма на градови“ на МРТВ.

Герасимовски, како што наведуваат од Општината, истакна дека поставувањето на новото ЛЕД осветлување дополнително ќе ги намали и сметките за електрична енергија и до 70 проценти.

-Бараме начин самите сметки да ги намалуваме. Ние и преку сопственото претпријатие „Енергија Центар“ коешто го имаме оформено преку кое поставуваме фотоволтаици, со цел сами да произведуваме струја и ги задоволиме потребите на капацитетите во училиштата и градинките. Но, исто така и вишоците ги продаваме на слободниот пазар. Дополнително и преку поставувањето на новото ЛЕД осветлување коешто е во завршна фаза. Сега ги местиме оние паметни ормари кои треба да се постават на одредени локации и очекуваме дека сметките ќе се намалат до 70 проценти, што е значителен процент и висина на сметки коишто досега ги плаќала општината, рече Герасимовски.

Тој додаде дека речиси во поголемиот дел на улиците во Центар, кога ќе се влезе од некои од булеварите се чувствува разлика во делот на осветлувањето.

Градоначалникот Герасимовски истакна и дека се подобруваат условите во училиштата и градинките на територија на општината.

-Во основото училиште „Коле Неделковски" доградивме четири нови училници, два кабинети, едно модерно катче што ги зголемува капацитетите и го подобрува самиот образовен процес. Направивме нов лифт за дечиња со попреченост, тоалети за дечињата со попреченост и рампа за инвалиди. Правиме реконструкција и во другите училишта. Приоритет ни се нашите најмлади во општината, тие се иднината на нашата општина и држава, затоа вложуваме многу и во градинките и во училиштата, рече Герасимовски.

Доградбата на ООУ „Коле Неделковски“ е прва по 66 години, а училниците се направени по сите светски стандарди за модерно образование,  наведуваат од Општина Центар. вг/

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан