• недела, 24 ноември 2024

Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ домаќин на дводневна конференција на проектот NEWAWES

Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ домаќин на дводневна конференција на проектот NEWAWES

Штип, 20 март 2024 (МИА) - Дводневна конференција во рамки на меѓународниот проект „NEWAWES“ се одржува во Штип, во организација на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Заедно со партнери од Португалија, Словачка и Хрватска, учесниците во овој проект прават пресек на активностите во проектот, а дел од конференцијата е посветен и на работилници на кои ќе се работи на платформата која треба да биде главниот продукт од проектот. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски истакна дека станува збор за платформа која на локалните радија ќе им овозможи пристап до проверени и квалитетни медиумски содржини, кој како заедничко ќе ги има локалните теми, кои не се доволно покриени од националните медиуми.

-Драго ми е што имаме можност како УГД да учествуваме во ваков проект. За мене значењето на медиумите и вестите е базично за демократско општество, а во денешно време луѓето се изложени на огромен број на информации, кои доаѓаат од различни извори и е тешко да се препознае што е точно, а што не, и затоа е многу значајно да се препознаат лажните вести и  дезинформациите, а низ медиумите да се емитуваат вистинити и проверени вести. Се надевам дека овој проект ќе биде само почеток и дека ќе даде значаен придонес во борбата против дезинформациите и лажните вести, вели  Мираковски.

Деканката на Правниот факултет при УГД-Штип, Олга Кошевалиска истакна дека проектот NEWAWES  има за цел зајакнување на локалните радија. 

Прво, ние сме посветени на создавање одржливи патишта за развој на локални и регионални радио станици. Преку внимателниот избор на информации со помош на вештачка интелигенција, ние се стремиме да обезбедиме пристапот до вести и информации да станбе отпорен на опасностите од лажни вести и дезинформации. Притоа, не само што го чуваме интегритетот на нашиот медиумски пејзаж, туку го поддржуваме и основното право на точни и веродостојни информации за сите, рече Кошевалиска.

  Професорот Жорж Мануел Гонсалвес од Политехничкиот универзитет од Гварда, Португалија, кој е и лидер на проектот изрази уверување дека овој состанок ќе биде многу важен за да се направат некои добри чекори напред воспроведување на проектот Newaves.

 -Со голем ентузијазам ви се обраќам денес за да споделам некои размислувања за тоа  проектот NEWAVES и неговата важност во академскиот контекст. Ова

проект, насловен „Колаборативна алијанса за радио обновување и зајакнување на вести на заедницата во територии со мала густина“, претставува иницијатива од големо значење за академската заедница, особено за оние кои се заинтересирани за моментот во кој се наоѓаат медиумите, комуникацијата и општеството, вели Гонсалвес. вдј/лв/

Фото: МИА 

Остани поврзан