• четврток, 26 декември 2024

Шон Пен се ожени по третпат

Шон Пен се ожени по третпат
Лос Анџелес, 4 август 2020 (МИА) - Американскиот глумец Шон Пен се ожени по третпат. Овојпат, избраничката е неговата 31 година помлада колешка Лејла Џорџ - глумица од Сиднеј, Австралија. Оскаровецот го потврди тоа во видеоврска во ТВ-емисијата „Доцна навечер со Сет Мајерс“, покажувајќи го и прстенот. - Да, точно. Имавме „Ковид свадба“. Тоа значи - бевме дома, со моите две деца и брат ѝ. Така го направивме тоа, изјави глумецот. Пен (59) претходнно беше оженет со пејачката Мадона и со глумицата Робин Рајт, со која има две деца, а конечно се разделија и разведоа во 2010 година. си/гт/

Остани поврзан