Отфрленото мајмунче од Зоолошката градина во Јапонија, во моментов ужива во животот
- Откако беа објавени фотографии како влече плишен орангутан, па како наоѓа друштво, сега може да се видат снимки дека Панч ја пронашол и љубовта
Токио, 19 март 2026 (МИА) - Мајмунот Панч од Зоолошката градина во Ичикава, Јапонија, кој беше отфрлен од својата мајка, ја пронашол својата љубов.
Откако беа објавени фотографии како влече плишен орангутан, па како наоѓа друштво, сега може да се видат снимки дека Панч ја пронашол и љубовта.
Тој е виден во друштво на женка макаки за која се верува дека се вика Момо-чан. Сето ова е потврдено од страна на вработените во Зоолошката градина Ичикава, во Јапонија. мв/мс/
Фото: Јутјуб - принтскрин