• петок, 20 март 2026

Астронаутите на МВС го завршија одложеното вселенско излегување

Астронаутите на МВС го завршија одложеното вселенско излегување

Хјустон, 19 март 2026 (МИА) - Астронаутите на НАСА, Џесика Мејр и Крис Вилијамс го завршија вселенското излегување кај Меѓународната вселенска станица (МВС), што беше одложено во јануари поради здравствени проблеми на еден член на екипажот, соопшти американската Национална воздухопловно-вселенска администрација вчера.

Космонаутите минаа околу седум часа вон МВС, извршувајќи подготвителни работи за инсталација на нов Сончев панел, додаде американската вселенска агенција. Потфатот првично беше закажан за јануари, но беше откажан со кратко известување за здравствените проблеми на еден член на екипажот. Тогаш, првпат во историјата на Станицата, НАСА ја врати својата посада порано на Земјата.

Мејр и Вилијамс се дел од новиот екипаж. Ова е прво вселенско излегување за Вилијамс, четврто за Мејр и вкупно 278-мо во историјата на МВС.  си/јт/

Фото: ЕПА.

Остани поврзан