• среда, 25 декември 2024

Шмит пред локалните избори во БиХ: Вашиот глас ја обликува иднината на заедницата

Шмит пред локалните избори во БиХ: Вашиот глас ја обликува иднината на заедницата

Сараево, 5 октомври 2024 (МИА) - Во пресрет на утрешните локални избори, високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит упати порака до сите гласачи во Босна и Херцеговина: Не пропуштајте ја можноста да се чуе вашиот глас, гласајте за вашите локални претставници.

- Локалните избори претставуваат можност директно да влијаете на одлуките кои се однесуваат на вашиот секојдневен живот. Без разлика дали станува збор за инфраструктура или еколошки политики, локално планирање или деловни иницијативи, вашиот глас може да помогне во обликувањето на иднината на вашата заедница. Вашето учество придонесува за напредок, стабилност и подобро утре. Вашиот глас се брои и вашето мислење е важно, изјави Шмит.

Тој потсети дека измените на Изборниот закон, кои се дискутираа со години и беа воведени во март, се спроведуваат заради подобра заштита на гласовите на граѓаните. Меѓународниот претставник нагласи дека сега е на Парламентот да донесе дополнителни подобрувања.

- Со поддршка од нашите меѓународни партнери, Централната изборна комисија (ЦИК) спроведува пилот проект за користење на нови технологии со цел да се обезбеди интегритетот на изборите. Оваа иницијатива е важен чекор во зајакнувањето на довербата на јавноста во изборниот процес, потенцираше Шмит. ссм/

фото: архива

Остани поврзан