Јута стана првата американска држава која забрани истакнување знамиња со ЛГБТК симболи на владините згради и училишта
- Јута стана првата американска држава која забрани истакнување знамиња со ЛГБТК+ симболи на владините згради и училишта.

Сокт Лејк Сити, 28 март 2025 (МИА) - Јута стана првата американска држава која забрани истакнување знамиња со ЛГБТК+ симболи на владините згради и училишта.
Републиканскиот гувернер на Јута, Спенсер Кокс, ја одобри забраната, иако изрази загриженост во врска со оваа политика.
Врз основа на забраната, почнувајќи од 7 мај, зградите на локалната самоуправа ќе можат да го истакнуваат само знамето на САД или државата Јута, а доколку ја прекршат забраната ќе бидат казнети со 500 долари дневно.
Како што се наведува, новиот закон би можел да предизвика конфликт меѓу државата и најголемиот град, Солт Лејк Сити, кој го одржува месецот на гордоста секој јуни, за време на кој се истакнуваат знамињата на големата ЛГБТК популација во градот. паг/
Фото: ЕПА