• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Венс: Данска го занемарува Гренланд, подобро би му било со САД

Венс: Данска го занемарува Гренланд, подобро би му било со САД

Нук, 28 март 2025 (МИА) - Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска на Гренланд, најголемиот остров во светот што и припаѓа на Данска, ја критикуваше земјата дека таму „не инвестирала доволно“ и дека го „запоставила“ и рече дека очекува Гренланѓаните да „застанат на страната“ на американскиот претседател Доналд Трамп, кој сака САД да го преземат островот и да се согласат на „партнерство“.

Откако ја прекори Данска за „занемарување на Гренланд“, Венс рече дека Гренланѓаните имаат право на самоопределување.

Тој изрази надеж дека жителите на Гренланд „на крајот ќе застанат на страната“ на САД и желбата на Трамп за „контрола“ врз островот, бидејќи тие се „рационални и добри“.

Венс, неговата сопруга и високи американски функционери денеска ја посетија американската воена база Питуфик, во северозападниот дел на Гренланд. 

Посаетата беше само на подружницата на таканаречените американски „Вселенски сили“, но не и официјално на Гренланд, за да не ги прекрши дипломатските обичаи со испраќање делегација во друга земја без нејзина официјална покана.

Трамп смета дека САД на крајот ќе го преземат Гренланд, но Данска, како и лидерите на Гренланд, категорично го отфрлија тоа.

Односите меѓу САД и Данска, која претходно беше традиционален сојузник на САД и исто така членка на НАТО, се влошија поради ставот на Трамп за Гренланд кој е богат со минерали. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан