• недела, 24 ноември 2024

Шефчович: Нема да отстапиме од поставените климатски амбиции, но нема ни да инсистираме на нови

Шефчович: Нема да отстапиме од поставените климатски амбиции, но нема ни да инсистираме на нови

Брисел, 30 август 2023 (МИА) - Европската Унија нема да отстапи од своите поставени климатски амбиции, но нема да инсистира ниту на дополнителни мерки, порача еврокомесарот Марош Шефчович, кој минатата недела беше именуван за извршен потпретседател на Европската комисија за Европскиот зелен договор и за меѓуиниституционални односи, по повлекување на досегашниот член на ЕК одговорен за климатската политика на блокот Франс Тимерманс.

Шефчович ја презеде одговорноста за спроведување на Европскиот зелен договор во услови на растечко противење на одредени делови од новите еколошки правила на ЕУ и кога конзервативните европратеници и некои од владите на земјите членки бараат забавување на примената или паузирање во воведувањето на новото европско законодавство за животната средина.

Во своето прво интервју по именувањето на новата должност, Шефчович нагласи дека има потреба „да се реагира на некои од забелешките“, но дека планира да застане во одбрана на климатските напори на Унијата.

- Нема да ја разводниме нашата амбиција, затоа што би било како да си пукаме во нога, изјави Шевчович.

Запрашан дали планира да иницира кампања за построги цели за намалување на емисиите на штетни гасови со цел постигнување климатска неутралност до 2040 година, како што побара генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, Шевчович нагласи дека Европската комисија ќе го почитува законодавство на ЕУ.

- За нас како институција, клучно е да ги почитуваме нашите правила, да го почитуваме европското право, а тоа предвидува климатска неутралност во 2050 година, рече Шевчович.

Тој изрзи резерви кон предлогот на Гутереш, оценувајќи дека „многу амбициозна“ е дури и целта поставена во Европскиот закон за климата за постигнуваање на климатска неутралност до средината на овој век. 

- Би бил исклучително задоволен да има и други големи економии што ќе го следат нашиот пример, порача Шефчович.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вчера им предложи на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент да го именуваат актуелниот холандски министер за надворешни работи Вопке Хукстра за нов еврокомесар задолжен за климатската политика на ЕУ.

Хукстра, кој ќе го наследи Тимерманс како холандски претставник во Европската комисија, и како што најави Фон дер Лајен, ќе работи под раководство на Шефчович. сп/

Остани поврзан