• среда, 25 декември 2024

Шефот на иранската дипломатија од Дамаск повика на прекин на огнот во Либан и Газа

Шефот на иранската дипломатија од Дамаск повика на прекин на огнот во Либан и Газа

Дамаск, 5 октомври 2024 (МИА) – Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска повика на прекин на огнот во Либан и Газа, неколку дена откако Техеран истрела над 280 балистички ракети кон Израел, јави ДПА.

При посетата на сирискиот главен град Дамаск, Арагчи го опиша прекинот на огнот како „најитното прашање“, пренесе ИРНА.

Шефот на дипломатијата рече дека Израел е главната пречка за мирот и ја повика меѓународната заедница да се спротивстави на израелските „воени злосторства“ за да се постигне мирот во регионот.

Израел се закани дека ќе возврати по ракетните напади на Техеран, а една од можните цели се нападите врз иранските нуклеарни постројки, пренесува ДПА. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан