Шахистите на „Алкалоид“ со теоретски шанси за титулата на Европскиот куп во Струга
- Шахистите на скопски „Алкалоид“ со теоретски шанси за освојување на титулата ќе го очекуваат последното коло на 36. Европски клупски куп, чиј домаќин во Струга е Македонската шаховска федерац
Струга, 24 септември 2021 (МИА) – Шахистите на скопски „Алкалоид“ со теоретски шанси за освојување на титулата ќе го очекуваат последното коло на 36. Европски клупски куп, чиј домаќин во Струга е Македонската шаховска федерација.
Алкалоид во претпоследното коло со шест реми партии одигра нерешено 3-3 против чешкиот состав „АВЕ Нови Бор“ и пред завршната пресметка е четвртопласиран со два бода помалку од рускиот „Медни Всадник“, кој по триумфот од 3.5-2.5 над „С. А Сила“ од Шпанија е на чекор од својата втора европска титула.
Од другите македонски екипи, спроти последното коло, „Прилеп“ е на 12 место со осум бодови, „Гамбит Асеко СЕЕ“ е на 18 место со шест бодови, додека „Гостивар“ е на 31 место со четири бодови.
Во женска конкуренција, титулата на 25. Европски клупски куп веќе ја обезбеди руската екипа „Јужен Урал“ со триумфот во претпоследното коло над „Алкалоид“ со високи 3.5-0.5.
Шахистките на „Алкалоид“ влегуваат во завршната рунда како петтопласирани со три бодови, колку што има освоено и екипата на „Куманово“ на шестото место, додека третата македонската екипа во женска конкуренција, „МСК Центар“ е на последното, осмо, место со два бода. ег/ар/