• понеделник, 23 декември 2024

Спортски самит во Скопје

Спортски самит во Скопје

Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) - Спортски самит со наслов „Today’s sport“ (Идни предизвици во спортот и образованието) ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Здружението за развојни иницијативи - Геостратешки институт Глобал. Како што информира организаторот, предвидено е присуство на гости од Германија, Франција, Белгија, Словенија, Грција, Норвешка, Србија, Босна и Херцеговина и од Косово.

Според најавеното, самитот ќе го отвори заменичката амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес. Предвидени се обраќања и на претседателот на ГИ Глобал - Иван Анастасовски, градоначалникот на Крива Паланка - Сашко Митовски, градоначалникот на општина Аеродром - Дејан Митески, заменик министерот за економија Марјан Ристески, деканот на ФФОСЗ - Влатко Неделковски, поранешниот претседател Ѓорге Иванов, министерот за локална самоуправа Златко Перински, ректорот на УКИМ - Биљана Ангелова, а видео обраќање ќе има министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

- На самитот ќе се дебатира на повеќе спортско-образовни теми: односот помеѓу спортот за развој и локалната самоуправа, како до подобар професионален спорт и спортска кариера, можност за финансирање и инвестиции во спортот, идни прдизивици во спортот и образованието и подобрување на спортот преку спортското законодавство, појаснува организаторот. бд/дма/

Фото: Здружение за развојни иницијативи - Геостратешки институт Глобал

Остани поврзан