Четворица кандидати за тренерското место во Челзи, доколку Лампард добие отказ
- Управата на Челзи е во потрага по нов тренер, пренесува „The Independent“.
Лондон, 5 јануари 2021 (МИА) – Управата на Челзи е во потрага по нов тренер, пренесува „The Independent“.
Според британскиот медиум, Брендан Роџерс (Лестер Сити), Ралф Хасенхитл (Саутемптон), Масимилијано Алегри и Томас Тухел се кандидатите за наследник на Франк Лампард во случај на негов отказ.
Претходно, тамошните медиуми објавија дека Челзи има намера да му даде уште некое време на 42-годишниот специјалист за да ги подобри резултатите на тимот.
По 17 одиграни кола во Премиер лигата, Челзи е на 9. место во поредокот во Премиер лигата со 26 бода. зс/