• сабота, 23 ноември 2024

Четворица загинати и 120 повредени во земјотрес со јачина од 5 степени во Иран

Четворица загинати и 120 повредени во земјотрес со јачина од 5 степени во Иран

Техеран, 18 јуни 2024 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5 степени денеска го погоди североисточниот дел на Иран, при што четири луѓе го загубија животот, а повредени се повеќе од 120, јавија иранските медиуми.

Земјотресот бил регистриран во 13:24 часот по локално време во североисточниот град Кашмар, изјави локалниот гувернер Хојатола Шаријатмадари за државната телевизија.

Американскиот сеизмолошки институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,9 степени, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри.

Шаријатмадари рече дека во земјотресот се оштетени згради во урбаните и руралните области.

Иран се наоѓа во регион каде тектонските плочи се преклопуваат и сеизмичката активност на територијата на земјата е многу висока. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан