• сабота, 23 ноември 2024

Честитка од министерот Филков до амбасадорката Агелер за Денот на независноста на САД

Честитка од министерот Филков до амбасадорката Агелер за Денот на независноста на САД

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков упати честитка до aмбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер, по повод 4 Јули - Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.

-Благодарност за силната и континуирана поддршка за консолидирање на мирот, демократијата и стабилноста во регионот, како и за остварување на стратешките надворешно-политички цели на Република Северна Македонија. Да го негуваме и понатаму големото пријателство, заеднички да се справуваме со сериозните предизвици на денешнината и партнерски да работиме на создавање подобра иднина, мир и развој, пишува во честитката на Филков.

Министерот во неа наведува и дека односите и соработката со САД „и натаму остануваат да бидат највисок приоритет на нашата држава преку унапредување на пријателството и одржување на континуиран политички дијалог”. хс/ев/

Фото: Министерство за правда 

 

Остани поврзан