• вторник, 24 декември 2024

ЦУК: Активни пет пожари, еден под контрола

ЦУК: Активни пет пожари, еден под контрола

Скопје, 28 август 2024 (МИА) - До вечерва до 19 часот, како што информираат од Центарот за управување со кризи, активни се пет пожари, а еден е ставен под контрола. Изгаснати се 20 пожари. 

Активен е пожарот на Планина Мукос, село Степанци и месноста викана Кадиица на граница помеѓу Општина Чашка и Општина Долнени. Гори мешана шума. 

Пожар има и кај селото Црвена Вода, во месноста викана Крста, во Општина Студеничани, каде е опожарена ниска вегетација и нискостеблеста шума, додека меѓу селата Љубош и Горно Количани гори ниска вегетација. 

Активни пожари има и во Маркова Сушица, во Сопиште, каде гори мешана вегетација. Во Општина Кривогаштани има пожар на потегот село Средоред – село Вранче – село Кривогаштани, каде горат стрништа и сува трева.

Под контрола е пожарот на планината Галичица, каде има чадење во внатрешноста. 

ЦУК информира дека се изгаснати 20 пожари и тоа во: 

1. Општина Дебар 1: с.Татар Елевци (мешана дабова шума и сува трева);

2. Општина Дебар 2: с.Могорче (депонија);

3. Општина Битола 1: кај Тунелот (ѓубре и сува трева);

4. Општина Битола 2: кај Тунелот (ѓубре и сува трева);

5. Општина Демир Хисар: с.Сопотница (ѓубриште);

6. Општина Лозово: с.Дурфулија – с.Кратманово – с.Кишино (млади борови);

7. Општина Ново Село: Депонија (ѓубре);

8. Општина Желино: с.Мерово (сува трева);

9. Општина Боговиње: с.ЖЕровјане (сува трева);

10. Општина Врапчиште 1: с.Врановци (ниско стеблеста шума, сува трева, отпад);

11. Општина Врапчиште 2: с.Сенокос (шума и сува трева).

12. Општина Маврово-Ростуште: с.Требиште (стрништа и сува трева);

13. Општина Струга 1: с.Драслајца (сува трева);

14. Општина Струга 2: с.Добовјани (сува трева);

15. Општина Ѓорче Петров: нас.Ѓорче Петров (сува трева);

16. Општина Бутел: с.Визбегово, Качанички Пат (сува трева и магацина за градежен материјал);

17. Општина Кисела Вода: ул.Трета Македонска Бригада – помеѓу пругите кај Тутунски комбинат (сува трева и монтажни објекти на Македонски железници);

18. Општина Чучер Сандево: кај Аеродром Стенковец (сува трева);

19. Општина Штип: помеѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали (нискостеблеста шума и сува трева);

20. Општина Ранковце: с.Ранковце (нискостеблеста шума и сува трева). ев/

ФОТО: ЦУК

Остани поврзан