• сабота, 23 ноември 2024

ЦУК: Спасувачката акција за лице кое скршило нога на Водно

ЦУК: Спасувачката акција за лице кое скршило нога на Водно

Скопје, 30 јануари 2024 (МИА) -  Спасувачка акција за лице со скршена нога при пешачење на патека на Водно е спроведена  доцна попладне,  по известување на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во акцијата организирана од Секторот за операции и координација при ЦУК со Регионалниот ЦУК Скопје, учествувале двајца припадници од Министерството за внатрешни работи и медицински тим од скопската Итна медицинска помош, а до повредениот стасале пешки заради  оддалеченоста на местото на несреќата од патот.

-На лице место, со помош на полицајците од ПС „Карпош“ му дале прва помош и го згрижиле повредениот, согласно повредата, за да може на раце да се носи со носилка до возилото на Итната медицинска помош, а потоа со возилото да се транспортира до медицинска установа, информираат од ЦУК и додаваат дека  во 17 часот кај повреденото лице на помош стигнале специјалци од ЕБР на МВР и по што се преземени активности за транспорт до болница. свс/лв/

Фото: ЦУК

Остани поврзан