• вторник, 12 ноември 2024

Цената на Лео Меси почна да паѓа

Цената на Лео Меси почна да паѓа

Мајами, 26 март 2024 (МИА) - Цената на напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси е намалена за 5 милиони евра според порталот Трансфермаркт. Пред тоа 36-годишниот Аргентинец беше проценет на 35 милиони евра. Сега чини 30 милиони евра.

Оваа сезона Меси одигра 5 натпревари, на кои постигна 5 гола и даде 2 асистенции. Договорот на играчот со клубот е до крајот на декември 2025 година.

Интер Мајами е на второто место во Источната конференција на МЛС со 10 бодови од 6 натпревари. дс

Фото: Архива

Остани поврзан