• сабота, 23 ноември 2024

Хутите тврдат дека погодиле важна цел во Израел во текот на ноќта

Хутите тврдат дека погодиле важна цел во Израел во текот на ноќта

Сана, 3 октомври 2024 (МИА) - Јеменските Хути во текот на ноќта извршија напад над централниот дел на Израел, а армијата пресретна неколку цели.

Според военото соопштение, било наведено дека пресретнале сомнителна воздушна цел во близина на брегот на Гуш Дан, густо населен дел на Тел Авив.

-Недолго потоа, над морето беа идентификувани уште два дрона, од кои едниот беше соборен, а другиот слета на отворен простор. Не е причинета материјална штета и нема повредени, соопшти штабот на ИДФ.

Многу брзо по нападот, јеменските Хути објавија дека ја преземаат одговорноста за нападите со беспилотни летала врз централен Израел во текот на ноќта.

Иако Израелците рекоа дека беспилотните летала не предизвикале штета, Хутите рекоа дека успешно погодиле клучна цел во Тел Авив со неколку беспилотни летала.

-Воздухопловните сили извршија операција во окупирана Палестина и ги постигнаа своите цели. Израелските окупациски сили не го пресретнаа нашиот авион. Нападот доаѓа како дел од петтата фаза од операцијата за поддршка на Палестина и Либан, соопштија Хутите. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан