• среда, 25 декември 2024

Трамп: Спроведувањето на смртната казна ги штити Американците од силувачи, убијци и чудовишта

Трамп: Спроведувањето на смртната казна ги штити Американците од силувачи, убијци и чудовишта

Вашингтон, 24 декември 2024 (МИА) - Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе побара од Министерството за правда „енергично да ја спроведе“ смртната казна за „да ги заштити Американците од насилни силувачи, убијци и чудовишта“.

Трамп ова го изјави откако американскиот претседател Џо Бајден вчера им ги ублажи казните на 37 од 40 федерални затвореници осудени на смрт, преиначувајќи ги во доживотен затвор без помилување.

На почетокот на овој месец, Бајден им ги ублажи казните на околу 1.500 затвореници и помилува 39 затвореници. паг/

Фото: МИА



 

Остани поврзан