• среда, 25 декември 2024

Стармер: Се надевам на мир во светот, особено на Блискиот Исток

Стармер: Се надевам на мир во светот, особено на Блискиот Исток

Лондон, 24 декември 2024 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер во својата божиќна порака рече дека се надева на мир во светот, а особено на Блискиот Исток, кој, како што наведе, е родното место на Божиќната приказна.

Стармер, во својата прва божиќна порака како премиер, рече дека очекува „подобра, посветла иднина“, објави „Скај њуз“.

„Време е да се потсетиме што е навистина важно. Семејството. Пријателството. И заедништвото меѓу сите луѓе“, рече Стармер. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан