• сабота, 23 ноември 2024

Хеликоптер на МВР вклучен во гаснење на пожарот кај Милино во реонот на Лозово

Хеликоптер на МВР вклучен во гаснење на пожарот кај Милино во реонот на Лозово

Велес,16 октомври 2023 (МИА) - Хеликоптер на МВР во 11 часот е вклучен во гасење на пожарот меѓу селата Мамутчево и Милино во реонот на Лозово, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Хеликоптерот е испратен на барање на градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски, кој од утрово е на терен и заедно со екипата на ДЗС и ЦУК ги координираат активностите.

Поради силниот ветер и поради тоа што утрово од сувата трева пожарот се прошири и на боровата  шума, градоначалникот Цветковски побарал помош на бројот за итни повици 112.

-Пожарот кој зафати голема површина на сува трева и стрниште од вчера попладне, цела ноќ и се уште беснее во реонот помеѓу селото Мамутчево и селото Милино кои се на границите меѓу Општината Велес и Општина Лозово. Од утрово со пожарот се зафатени и дрвца - борчиња. Поради силниот ветер кој дува непрекинато тешко оди неговото гаснење, информираат утрово за МИА од ЦУК Велес.

Тие појаснија дека во негово гаснење се вклучени 15 пожарникари со три возила од ТППЕ Велес, пет вработени од Шумското стопанство „Бабуна“. Во гаснење на пожарот вклучени е и екипа на Пожарната од Свети Николе и екипа од вработени од Шумското стопанство„Шумарство“ од Свети Николе. ад/дма/

Фото: ЦУК

 

Остани поврзан