• сабота, 23 ноември 2024

Харден го пропушти дуелот со Сакраменто поради повреда на скочниот зглоб

Харден го пропушти дуелот со Сакраменто поради повреда на скочниот зглоб
Хјустон, 3 јануари 2021 година (МИА) – Најдобриот играч на Хјустон, Џејмс Харден го пропушти натпреварот против Сакраменто одигран ноќеска во „Тојота центар“. Според инсајдерот Џонатан Фајген, 31-годишниот Американец не бил во можност да игра поради дисторзија на десниот скочен зглоб. Харден оваа сезона настапи на три средби и имаше просек од 37 поени по натпревар. Хјустон го доби мечот со Сакраменто со 102:94. На другите НБА натпревари одиграни ноќеска постигнати се овие резултати: Индијана – Њујорк 102:106 Орландо – Оклахома сити 99:108 Филаделфија – Шарлот 127:112 Атланта – Кливленд 91:96 Њу Орлеанс – Торонто 120:116. зс/

Остани поврзан