Комо плати значителна сума за поранешниот капитен на Лион
- Дебитантот во италијанската Серија „А“, Комо, за сума од 15 милиони евра потпиша со играчот за врска Максенс Какере од Лион, објави клубот од Апенините на својата официјална веб-страница.
Комо, 13 јануари 2025 (МИА) - Дебитантот во италијанската Серија „А“, Комо, за сума од 15 милиони евра потпиша со играчот за врска Максенс Какере од Лион, објави клубот од Апенините на својата официјална веб-страница.
Сумата може да се искачи на 16,5 милиони, бидејќи во договорот има одредени клаузули кои можат да се исполнат со натпреварите за новиот тим на играчот од средниот ред. Договорот вклучува и 7,5% од иден трансфер. 24-годишниот француски играч од средниот ред и производ на академијата на Лион се приклучува на четири и пол годишен договор, врзувајќи ја неговата иднина со клубот до јуни 2029 година.
Какере го имаше своето деби за првиот тим во 2019 година. и избори пласман во тимот на турнирот на Европското првенство до 19 години. Оттогаш, тој забележа над 147 настапи во Лига 1.
Сеск Фабрегас, кој е технички директор на Комо, рече: „Максенс е сестран играч и има способност да го диктира темпото на игра. Во комбинација со неговото искуство на највисокото ниво на европскиот фудбал, очекувам тој да помогне во градењето на јадрото на тимот.“
Какере до неодамна ја носеше дури и капитенската лента во Лион, но оваа привилегија ја загуби кога се случи тренерската смена. Освен тоа, клубот требаше да ослободи средства за да влезе во рамките на финансискиот фер-плеј, а тоа го забрза трансферот. Досега оваа сезона Какере забележа 14 настапи во сите натпреварувања.
Комо моментално се наоѓа на 15. место во Серија А со 19 бодови, а сезонава ќе се обиде да опстане во елитата. дс
Фото: Принтскрин