Кјер објави дека се пензионира
- Данскиот дефанзивец Симон Кјер (35) во понеделникот потврди дека ја завршил својата играчка кариера во гостување на данската телевизија ТВ2.
Копенхаген, 13 декември 2025 (МИА) - Данскиот дефанзивец Симон Кјер (35) во понеделникот потврди дека ја завршил својата играчка кариера во гостување на данската телевизија ТВ2.
Стоперот објасни дека имал понуди од учесници во Лигата на шампионите по заминувањето од Милан на крајот на минатата сезона, но дека повеќе не сака професионално да се занимава со фудбал.
-Сега е навистина вистинско време да се затвори тоа поглавје. Тоа не е одлука што ја донесов летото, туку нешто на што размислував пред почетокот на Европското првенство, објасни 190 сантиметри високиот Кјер.
Тој призна дека размислувал за можноста да ги „закачи копачките“ пред минатата година.
-Тогаш сфатив дека моето време во Милан е при крај. Во мојата глава, се заврши во Милано. Не можев да имам подобар крај. Збогувањето што го доживеав на „Сан Сиро“, тоа искуство, тогаш знаев дека е крајот, подвлече поранешниот дефанзивец на „росонерите“, со кои го освои Скудетото во 2022 година.
Последниот натпревар за Милан го одигра на 25 мај минатата година против Салернитана, а дуелот на „Сан Сиро“ заврши со резултат 3:3.
Кјер професионално играше за Митјиланд, Палермо, Волфсбург, Рома, Лил, Фенербахче, Севиља, Аталанта и Милан.
За данската репрезентација одигра 132 натпревари и постигна пет гола. дс
Фото: Принтскрин