Хамилтон: Имам 100 проценти верба во тимот на Ферари
- Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон изрази целосна доверба во тимот на Ферари по двојната дисквалификација на Кинеското ГП

Сузука, 3 април 2025 (МИА) - Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон изрази целосна доверба во тимот на Ферари по двојната дисквалификација на Кинеското ГП.
Болидите на Хамилтон и неговиот тимски колега Шарл Леклер паднаа на технички преглед по вториот круг од сезоната во Шангај, откако завршија на шестото, односно петтото место.
-Видов дека некој кажа нешто за тоа дека ја изгубив вербата во тимот, што е целосна глупост. Апсолутно имам 100 проценти верба во овој тим“, изјави 40-годишниот Британец, кој му се приклучи на Ферари во јануари од Мерцедес. дс
Фото: Архива